Лeвица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика и етничка омраза кон македонскиот народ

Од:

Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалик на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим Рамадани, предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам, во очигледно отсуство на проекти и визија за развој на сопствената општина! Рамадани од ВРЕДИ во јавно обраќање од дијаспората наместо да говори за проекти, со шовинистичка реторика го глорифицираше сепаратизмот на Илирида, со што директно промовира национална и етничка омраза против македонскиот народ.

Рамадани потврди дека во општина Брвеница се обединети заедно со ДУИ во вториот круг против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, што ја демонстрира сервилноста на Мицкоски кон помалиот коалиционен партнер. Иако Мицкоски предводи влада со апсолутно мнозинство, иако целиот политички наратив со кој ја доби поддршката на народот беше дека неговата влада нема да “коленичи” – ДПМНЕ ги остави Тетово, Гостивар и Струга без свои кандидати за градоначалници.

Овие штетни наративи од политичари заглавени во минатото (како Рамадани) создаваат само поделби и нетрпеливост, додека населението масовно се иселува од Македонија поради растечката сиромаштија и корупција. И на сите овие анти-македонски изјави, кои го понижуваат достоинството на македонскиот народ, Мицкоски одбира да молчи за да го сочува мирот во сопствената влада.

Левица јавно прашува: дали Мицкоски ќе биде само нем набљудувач пред изјавите на неговите коалициони партнери, кои директно шират омраза против македонскиот народ и глорифицираат сепаратизам против унитарниот каракатер на Републиката, реагиираат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево