Димитриевски: Комплексот К4 ќе добие повеќе паркинг места, зелени површини и ќе се спречи градба на нови згради!

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, најави целосна реконструкција и уредување на просторот кај комплексот згради К4, во близина на Економското училиште.

– По примерот на дворот на Економско училиште планираме реконструкција на целиов простор и сите зелени површини во овој комплекс на згради. Дополнително проширување на паркиралиште, места за паркирање, воведување на втора паркинг зона со одбележување на сите места за паркирање коишто ќе бидат бесплатни за сите резиденти жители коишто живеат на оваа локација, изјави Димитриевски.

Тој истакна дека шпекулациите за изградба на нови објекти на овој простор се неточни и дека нема да дозволи дополнително пренатрупување со станбени згради во централното градско подрачје.

– Сакам да ве информирам дека сите шпекулации поврзани со наводни градби на нови објекти и нови станбени згради на овој простор се веќе запрени и ќе бидат запрени. Токму јас, Максим Димитриевски, се борам против урбаниот градежен хаос којшто со децении трае во Куманово и никогаш во рамките на мојот мандат нема да дозволам пренатрупување на станбени згради, особено во централно градско подрачје, порача Димитриевски.

Тој додаде дека градот ќе отвора нови градежни зони каде инвеститорите ќе можат да вложуваат во изградба на станбено-деловни комплекси, со цел рамномерен и уреден урбан развој.

Од граѓаните, за таа цел, побара поддршка во вториот круг од изборите на 2ри ноември.

– Ве повикувам во недела да искочите масовно и да ми дадете поддршка на претстојните избори, бидејќи токму јас сум тој којшто заедно со вас се грижи Куманово да продолжи да се развива и да се менува, како и во сите досегашни осумстотини проекти реализирани во градот,“ изјави тој.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

ЗНАМ: Нема конечен договор за владината реконструкција, сите опции се отворени

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски