Зеленски: Дајте ни шанса, испратете ракети „Патриот“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ги повика учесниците на самитот на ЕУ да ѝ дадат можност на Украина побрзо да ги добие системите „Патриот“.

„Разговарав со претставници на владата на Соединетите Американски Држави и одбранбените компании за системите „Патриот“. Дури и кога ние и Европа ќе платиме за овие системи и ракети за нив, сè уште има ред за испораки, некои земји се пред нас. Покрај тоа, некои земји веќе имаат системи „Патриот“, но, за среќа, не мора да ги користат на начинот на кој ние ги користиме. Предлагаме да се промени редоследот“, рече Зеленски во обраќањето пред учесниците на состанокот на Европскиот совет што се одржува во Брисел, објави „Укринформ“.

Според него, ако Украина ги добие системите „Патриот“ сега, ќе биде подготвена да ги врати или замени „кога ќе дојде наш ред“.

„Ве молиме да бидете флексибилни со нашите потреби за воздушна одбрана. Во воено време, зачувувањето на животот мора да биде врвен приоритет“, предупреди Зеленски.

Тој претходно им кажа на новинарите дека Украина и Соединетите Американски Држави подготвуваат договор за испорака на 25 системи „Патриот“.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина