Муцунски: Очекуваме голема победа, поголема од таа на локалните избори во 2021 година

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи Тимчо Муцунски ја одржа вечерва првата прес-конференција по затворањето на гласачките места.

-На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата ја имаат пред се граѓаните на Република Македонија. Им благодариме на сите граѓани, рече тој.

Муцунски им се заблагодари на македонските граѓани за одзивот, решителноста, одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите и да бидат на вистинската страна.

-Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат на дното, на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија. Македонија одлучи денес на тоа да стави крај. Очекуваме голема победа, поголема од таа на локалните избори во 2021 година , рече Муцунски.

Посочи дека информациите за извесни нерегуларности и обвинувања кои треба да фрлат дамка на изборниот процес ги гледаат како стратегија на СДСМ и нивните политички противници за барање алиби за изборниот пораз кој им следи.

-Тоа е партија со големи проблеми кои во периодот кој следи ќе бидат нивниот главен камен на сопнување. Очекувано е таа партија конечно да почне да се реформира.Но сакаме да ве увериме дека победата ќе биде чиста и јасна. И за нас одговорност која не смееме да ја изневериме, рече тој.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања