Конференција на НАТО: Балканот повторно би можел да стане „буре барут“

Од:

Експертите и аналитичарите на конференцијата на НАТО во Рим заклучија дека Западен Балкан повторно би можел да стане „буре барут на Европа“ и дека е од стратешко значење за Европската Унија и Атлантската алијанса, исто така во светлината на руската агресија во Украина, објавува италијанската агенција АДН-Кронос.

Функционерите на НАТО и геополитичките експерти истакнаа дека повеќе нема безбедносни периферии во Европа и нагласија дека „ЕУ и НАТО, кои имаат два оперативни столба во регионот, мора да го забрзаат стратешкото дејствување и да ја забрзаат динамиката на членство, со свест дека е потребно Западен Балкан да остане поврзан со Западот“.

Во дискусија на конференцијата, организирана од Фондацијата на колеџот за одбрана на НАТО (NDCF), беше оценето дека мора да се најде „решение за српскиот јазол“ за да се постигне напредок во однос на пристапувањето на земјите од регионот во ЕУ.

Шефицата на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева, го привлече вниманието на фактот дека „Србија е земја што ќе создаде проширување за целиот регион, бидејќи има многу посебна улога за целиот Западен Балкан и бидејќи, кога Србија ќе биде во ЕУ, ќе ги отвори вратите за другите, вклучително и за Косово“.

Учесниците на конференцијата нагласија дека „заштитата на Западен Балкан значи заштита на слободата на транспорт, државниот суверенитет и мирот на континентот, додека се бранат демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се фундаментални вредности на НАТО и ЕУ“.

„Агресивната војна на Русија против Украина ја разоткри стратешката важност на Црното Море за евроатлантската безбедност, за енергетската безбедност и, на крајот, за безбедноста на храната за Европа, бидејќи оваа област – од Јадранското до Црното Море – е витална раскрсница што ги поврзува Европа, Централна Азија и Источниот Медитеран“, беше објавено.

Алесандро Минуто-Рико, раководител на Фондацијата на колеџот за одбрана на НАТО, јасно стави до знаење дека „крајната цел е полноправно членство, а тоа е итно поради конфликтот во Украина и фактот дека, надвор од медиумското внимание, на Балканот се подготвува криза“.

Затоа што, рекоа учесниците во дискусијата, Западниот Балкан поминува низ „период на политичка тензија, нестабилност, надворешно мешање и внатрешни конфликти“.

Шарлот Хеленгрен, директорка на Одделот за операции во седиштето на НАТО во Брисел, особено нагласи дека безбеден Западен Балкан значи и поголема безбедност за целата евроатлантска област.

Хелленгрен рече дека од распадот на поранешна Југославија, во регионот се преземени чекори кон демократска трансформација и НАТО го поддржа економскиот и социјалниот развој.

„Но, сè уште е потребен одржлив оперативен напор, особено во Косово и Босна и Херцеговина“, нагласи таа, бидејќи „напредокот таму би можел да биде загрозен ако продолжат раздорните пораки, политичката стагнација и недостатокот на безбедност“.

Би можело да ве интересира

Алармантна ситуација во НАТО: Европската воздушна одбрана е најслабата алка

Рути: Да не ги сфаќаме Русите премногу сериозно

А1он

САД „грми“ по членките на НАТО: Ако не ѝ платите на Украина, војната нема да престане

НАТО разгледува нови правила за полесно соборување на руските борбени авиони

Трамп и се закани на Шпанија со исклучување од НАТО

Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаност на затворите