(ВИДЕО) ДИК: Излезеноста на локалните избори до 11.15 часот е 9,38 отсто

Од:

Излезеноста на локалните избори до 11.15 часот е 9,38 отсто, објави Државната изборна комисија.

– До 11 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1.645. 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.

Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности.

Според податоците на ДИК, општини со најголема излезеност се Берово 13,51 процент, Богданци 14,55, Бутел 10, Вевчани 16,02, Виница, 10,76, Гевгелија, 12,81, Градско 15, 27, Дебрца 15,76, Демир Капија, 15, Кратово 16,16, Крива Паланка 16, 85, ККрушево 16,97, Новаци 19, 3 Пробиштип, 17,64, Ранковци, 15,5, Чашка 22,60 проценти.

Со најмала излезеност се општините Сопиште 3,93, Центар Жупа, 4,89, Боговиње, 4,48 и Врапчиште, 2,54 проценти.

Изборите ги набљудуваат 1484 набљудувачи од кои 800 домашни 645 меѓународни и 14 странски новинари.

Претходно ДИК информираше дека на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања