Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Од:

Граѓаните да излезат масовно на локалните избори, за да влеземе што поскоро во Град Скопје и да ги решаваме работите, порача денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања.

– Да влеземе прво во град Скопје. Од оние информации што ги имаме добиено, а се алармантни, таму има многу работи што треба да се решат, пред се, должничко-доверителни односи. Затоа ги замолувам граѓаните да излезат масовно на 19 октомври, Орце Ѓоргиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што поскоро да влеземе во администрацијата и да ги надминеме сите предизвици со кои ќе се соочиме, рече Мицкоски, на новинарско прашање.

Според Мицкоски, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во скопскиот регион на денешната средба во Стопанска комора на северо-западна Македонија имале искрена и плодна дебата која се темелела на реални и конкретни примери кои треба да се завршат.

Приоритет, најави, ќе биде завршување на патната клучка кај Момин Поток и патот кон Индустриската зона.

– Со право реагираат стопанствениците во овој дел на градот Скопје, бидејќи гледате во каква состојба е пристапот во оваа зона, се уште клучката до Момин поток е до никаде, а учеството на оваа зона во БДП е значително. Тоа ќе ни биде еден од врвните приоритети, завршување на клучката и реконструкција на патот до зоната. Исто така, во текот на овој месец очекуваме конечно да се заврши сагата за автопатот Скопје-Блаце и конечно очекуваме да добиеме понуда во рамките на планираните средства што се за таа намена, изјави Мицкоски.

Ги запознал претставниците на Комората со макроекономската состојба и што е испорачано од разговарано пред изборите во минатата година, како и очекувањата за наредниот период.

Нихи Алиу, в.д. претседател на Стопанска комора на северо-западна Македонија посочи дека ги презентирале нивните проблеми и предлози, како и платформата на Комората. Тој рече дека видел сериозност во пристапот на тимот на Мицкоски од 15-те присутни градоначалници на средбата, а напомена и дека голем дел од нивните укажувања во претходниот период станале дел од изборната програма на партијата.

– Имаше разни предлози, но имаше и одговор за решение на нашите предлози од кандидатите за градоначалници, меѓу кои и кандидатот за Скопје. Се вклучуваше и премиерот кој ни даде многу детални информации за макроекономската состојба. Како Стопанска комора сме многу задоволни за начинот како оваа екипа ги гледа проблемите и како сака да ги реши со конкретни одговори, изјави Алиу.

Тој оцени дека главните проблеми се во однос на комуналните и јавните претпријатија во рамки на Град Скопје кои, истакна, не функционираат како што треба.

– Исто така и за Индустриската зона Визбегово, каде патот е за никаде – за една индустриска зона со сто милиони обрт годишно, над 8 илјади вработени и која учествува во БДП со 7,5 проценти. Оваа зона заслужува да има подобар пат и од кандидатот за градоначалник добивме уверување дека тоа ќе биде приоритет, рече Алиу.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Поради здравствени причини, Мицкоски изостанува од македонско-српскиот бизнис форум

Горан Наумовски

Мицкоски за „Сејф сити“: Поддржувам да се прошири низ целата држава

Син ми Антонио беше жртва на труењето во „Димо Хаџи Димов, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Мицкоски тврди дека немало напад врз новинарот и публицист Владимир Перев

Горан Наумовски