Зеленски: Ситуацијата во Украина е потешка отколку во Газа

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му рекол дека планира да ја запре војната во Украина пред да постигне прекин на огнот на Блискиот Исток, но дека војната во Украина е „потешка и поголема“ отколку во Газа.

„Во телефонски разговор му честитав на Трамп за прекинот на огнот на Блискиот Исток, тоа е голем успех за него и за САД. Тој ми рече многу искрено дека мисли дека ќе може да го запре Путин пред да постигне прекин на огнот на Блискиот Исток“, рече Зеленски во интервју за Фокс њуз.

Тој додаде дека се согласува со Трамп дека ситуацијата во Украина е потешка отколку во Газа.

– Трамп навистина рече дека војната во Украина е потешка и поголема. Тоа е разбирливо. Ова е војна од целосен обем. Не ги споредуваме жртвите, бидејќи боли насекаде во светот. И не сакам да споредувам, но имаме голема војна. А Русија е голема сила, навистина голема сила. И тие ја започнаа првата операција пред повеќе од 10 години. Ова е навистина тешка ситуација, рече Зеленски.

Зеленски оцени дека постигнатото примирје на Блискиот Исток дава сигнал и надеж дека Путин ќе „се соочи со ист притисок“ за да ја заврши војната во Украина.

„За ова, ни требаат оружје со долг дострел и вистинска воздушна одбрана, само за да му покажеме на Путин дека Америка нè поддржува. САД имаат ракети „Томахавк“ и други работи што можат да се користат во воениот сектор“, рече Зеленски.

Тој потсети дека Иран ѝ дал на Русија лиценци за производство на беспилотни летала, дека иранските експерти ги обучувале Русите и дека Северна Кореја ѝ обезбедила на Русија многу артилерија.

„Ние сме силна земја, но не доволно голема за да се спротивставиме на Русија, Иранците и Севернокорејците. Тоа е премногу. Затоа разговаравме за „Томахавк“ и други работи“, смета Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп пристигна во Израел, го пречека Нетанјаху

Трамп: Војната во Газа заврши, примирјето ќе опстане

Горан Наумовски

Кина му одговори и му се закани на Трамп

ВИДЕО: Судовите го блокираат Трамп, Националната гарда не може да влезе во Чикаго

Катерина Ѓуровски

Белата куќа тврди: Трамп има срце на хуманитарец и требаше да ја добие Нобеловата награда за мир

Горан Наумовски

Трамп: САД може да воведат дополнителни санкции против Русија