(ВИДЕО) Тројца загинати во авионска несреќа во Австралија

Од:

Тројца загинаа денеска во Австралија кога лесен авион се урна на аеродром во близина на Сиднеј, објави Ројтерс.

Полицијата соопшти дека авионот се урнал на аеродромот Шелхарбур, околу 85 километри јужно од Сиднеј, кратко по полетувањето.

„При ударот, авионот се запалил, а Противпожарната и спасувачка служба на Нов Јужен Велс го изгаснала пожарот“, се вели во соопштението на полицијата.

Слика од воздух од местото на несреќата на веб-страницата на Австралиската радиодифузна корпорација ги прикажува изгорените остатоци од авионот на пистата.

Полицијата соопшти дека Австралиското биро за безбедност во сообраќајот е известено за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Најмалку едно лице е застрелано, а се 16 повредени во пукотница во Австралија

ВИДЕО: Два авиони се судрија на писта на аеродром во Њујорк

Ајкула за неколку секунди растргна на парчиња искусен сурфер

А1он

Филип Поповски го истрча маратонот во Сиднеј: „Доживување е да трчаш заедно со Кипчоге и Шифан Хасан“

Голема полициска операција е во тек по убиството на двајца полицајци во Австралија

Австралија: Илјадници луѓе се придружија на најголемите пропалестински и антиизраелски протести