Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На плоштадот „ВМРО“ во Скопје, пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на камерите од видео надзорот биле забележани две странски лица кои оставиле сомнителен куфер, потврди Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, станува збор за швајцарските државјани Рафаел С. (роден 1987) и Вивиан С.Х. (родена 1985), кои во земјава влегле на 1 октомври со летови од Цирих.

Куферот бил оставен пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“. По пријавата, полициските екипи веднаш го обезбедиле местото и спровеле проверки, со што било утврдено дека куферот е празен.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард