Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна и одговорна локална власт, со Охрид повторно ќе биде бисер на Македонија.

„Сега имаме можност заедно да го направиме Охрид повторно бисер на Македонија. За нас и за нашите поколенија. Сега е време за промени во Охрид, време е општината да добие градоначалник како д-р Шајн”, порача Филипче.

Лидерот на СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник, д-р Асен Шајн, како човек со визија, искуство и посветеност кој ќе ги заврши проектите, ќе го врати редот и ќе се грижи за охриѓани со чесност и посветеност.

„Тој е тука за да го врати редот, да ги заврши проектите и да го врати Охрид на граѓаните. Асен е вреден човек, чесен човек. Човек кој ќе работи во интерес на Охриѓани и ќе се грижи за нив исто како што се грижи за нивното здравје. Кај него нема ароганција, нема непристапност, тој ќе биде човек на народот”, посочи Фиилпче.

Тој се осврна на моменталната состојба во општина Охрид, посочувајќи дека реалноста покажува сериозни проблеми: непланско ширење на градот, зголемени цени на јавни услуги, недовршени капитални проекти и сообраќаен хаос, што го намалува квалитетот на животот на охриѓани.

„Охрид стана симбол на урбанистички хаос, со рекорден број дозволи за градба и недовршени проекти како плоштадот „Крушевска Република“, велосипедската патека до Св. Стефан и катната гаража. Локалната власт е фокусирана на фамилијарни вработувања и тендери, додека граѓаните се соочуваат со секојдневни проблеми“, нагласи Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”.

На крајот од своето обраќање лидерот на СДСМ повика граѓаните на 19-ти октомври да излезат и да гласаат за бројот 5 и за кандидатската листа на СДСМ, за да се овозможи враќање на довербата, редот и развојот во Охрид.

Би можело да ве интересира

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Предраг Петровиќ

МВР: За убиство на 48-годишна жена, лишени од слобода четири лица

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Денеска до 39 Целзиусови степени

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја