Меџити: Дали Османи и Ахмети ќе продолжат да стојат пред ВМРО-ДПМНЕ за да прават влада со „албанофобот“ Мицкоски

Од:

Јавно ги прашувам Османи и Ахмети да одговорат дали ќе направат влада со „албанофобот“ Мицкоски, праша Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир од ВРЕДИ.

-Цело време стојат пред врата и со кого сакаа да направат влада? Токму со Мицкоски. Јавно ги прашувам дали ќе престанат или ќе продолжат да стојат пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ и пред Мицкоски да го молат, и без претседател на Собрание, со помалку министри, како што кажуваат и нивните партнери кои не се веќе со нив. Значи, дали ќе направат влада со „албанофобот“ Мицкоски, на тоа треба да одговорат јавно, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вчера од митинг во Неготино упати порака до раководството на ДУИ дека „не е албанофоб, како што тие кажуваат, туку криминалофоб кој ги презира политичките криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери и се богатеа на грбот на граѓаните“.

-На секој митинг ги слушам од раководството на ДУИ како ме нарекуваат ваков, таков, споменуваат орли, зајци за да последно ме наречат албанофоб. Еве јас од тука, од Неготино, би сакал и ним да им одговорам. Јас не сум ниту албанофоб, ниту каков било човек којшто е ксенофоб и којшто има проблем со етничката припадност на кој било мој сограѓанин во нашата заедничка татковина, Македонија, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Во Гази Баба ќе ја изградиме клучката во Хиподром, трета лента на булеварот „Александар Македонски” и уште многу други проекти

Катерина Ѓуровски

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација

Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција