ВИДЕО: Еди Рама и Макрон го исмеваат Трамп за „мировниот договор меѓу Азербејџан и Албанија“

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама се пошегува со францускиот претседател Емануел Макрон за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген.

Рама се пошегува за американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано погрешно повторуваше дека придонел за решавање на „конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија“, наместо да коментира за мировниот процес меѓу Ерменија и Азербејџан. Трамп, неколку пати го нарече Азербејџан „Абербаџан“, но целосно ја помеша Ерменија со Албанија.

Осврнувајќи се на грешката на Трамп, Рама на шега му рече на Макрон дека треба да се извини што не им честиташе на Азербејџан и Албанија за постигнувањето мир.

„Треба да ни се извините затоа што не ни честитавте за мировниот договор што претседателот Трамп го склучи со нас“, му рече Рама на Макрон во друштво на азербејџанскиот премиер.

„Жал ми е за тоа, момци“, Макрон веднаш ја прифати шегата, што ги насмеа сите тројца.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Горан Наумовски

Аксиос: Трамп ја назначи Пам Бонди во советодавниот одбор за вештачка интелигенција

Трамп: Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух

Трамп: Дури и ако Иран се предаде, медиумите ќе пишуваат дека САД претрпеле пораз

Иран има улитматум за Трамп

САД планираат нови царини за Канада и за Мексико