Путин нареди регрутација на 135.000 граѓани на Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски граѓани за воена служба од октомври до декември 2025 година.

Документот е објавен на официјалната веб-страница за објавување на указите и законите.

„Од 1 октомври до 31 декември 2025 година, ќе се спроведе регрутирање на 135.000 граѓани на Руската Федерација на возраст од 18 до 30 години кои не се во резерва и подлежат на регрутација за воена служба“, се наведува во документот.

Со истиот указ се наредува и отпуштање од воена служба на војници, морнари, наредници и офицери чија воена служба е истечена.

Руската влада, регионалните власти и комисиите за регрутација се задолжени да обезбедат спроведување на сите потребни мерки за регрутација.

Федералните министри, раководителите на федералните служби и федералните агенции исто така беа задолжени да обезбедат регрутирање на руски граѓани вработени во федералните министерства и други федерални извршни тела, како и во организации подредени на надлежните федерални извршни тела.

Би можело да ве интересира

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран

Европа договори нов удар за Путин: нови мерки за банки, нафта и „сенката флота“

Лавров ја пренесе пораката на Путин: Русија не планира напад, но ќе одговори неконвенционално на нападот од Европа

Блумберг: Путин планира тампон-зони во Украина

Црн биланс за Вашингтон: 16 американски војници убиени во конфликт со Иран

Трамп: Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина