Нема информација дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не треба да се јадат, вели Алиу

Од:

Министерот за здравство Азир Алиу нема информација дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не треба да се консумираат. Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, укажа дека според официјалните резултати од направените анализи, нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во ова скопско село.

Во однос на скринигот, повтори дека вкупно 18 лица треба да продолжат со натамошни лекарски процедури.

Ова, напомена, не е завршна фаза, зашто според протоколите ќе треба да се прави скрининг уште два пати, по три и по шест месеци.

Според Алиу, пратен е допис до институциите – ако некој од пожарникарите или од вработените во министерствата за внатрешни работи и одбрана кои беа вклучени во гаснењето на пожарот почувствуваат некакви симптоми, да се јават во здравствените установи.

-Два дена имавме активен скрининг, првиот ден поминаа 111 лица од кои 11 продолжуваат на Клиниката за пулмоплогија, а вториот 103 граѓани поминаа низ процедурите и од нив 7 продожуваат на Пулмологија. Во однос на овошјето и зеленчук од Трубарево, направени се мерења во воздухот, водата и почвата, покажаа дека нема елементи над дозволените граници. Според протоколот, по еден месец повторно ќе се проверуваат вредностите и по првиот дожд. ИЈЗ ќе информира за елементите, а се надевам дека се активни и другите институции. Ние ќе излеземе со препораки. Но, нема радиоактивност таму, таа е во нормалните граници. Имаме Кризен штаб, досега немам информација дека зеленчкуот и овошјето не треба да се консумираат, подвлече министерот.

Би можело да ве интересира

Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево

Почнува дводневен скрининг на населението во Трубарево и околината

Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор

Катерина Ѓуровски

Воздухот во Трубарево не е загаден, објави Министерството за животна средина

Катерина Ѓуровски