Меџити најави дека ќе се затвори каменоломот во Страчинце

Од:

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа го посети скопското село Страчинце, каде што се сретна со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина.

Меџити, информираат од неговиот кабинет, ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на Страчинце.

Оваа одлука, како што изјави Меџити, е резултат на континуираната загриженост на жителите и анализите спроведени од надлежните институции за негативното влијание што би го имала ваквата активност, особено во услови на поплави, но и врз здравјето и животот на жителите.

– Ова е долгоочекувана вест за жителите на Страчинце, кои со години се загрижени за можните последици од каменоломот врз животната средина и нивните животи, изјави Меџити, додавајќи дека дозволата за работа била издадена пред неколку години од претходните влади.

Следниот чекор, според него, е конечно поништување на концесијата, што е предвидено да се разгледа на наредната седница на Владата. Оваа одлука официјално ќе го затвори оваа прашање и ќе ја врати правдата на страната на жителите.

Дополнително, Меџити го истакна ангажманот за повторно пошумување на овој регион.

Би можело да ве интересира

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Катерина Ѓуровски

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски

Средствата за чистење на малата депонија во ОХИС се пренаменети за кампањата на Меџити, обвинија од Движењето Слободни и независни

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ