СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

Од:

Христијан Мицкоски денеска повторно се обиде да ја изманипулира јавноста со празни флоскули за судството и обвинителството. Наместо конкретни реформи и решенија, тој уште еднаш демонстрира дека единствен интерес му е политичка контрола и дневно-политички поени, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Фактите се јасни, откако е на власт, Мицкоски не донесе ниту еден реформски закон за судството. Неговиот неспособен министер за правда од ЗНАМ за цела една година не спроведе никаква промена. Наместо ветените промени, Мицкоски го претвори правосудството во партиска филијала – со судии сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери.Денес тој зборува за “мачнина” од платите на судиите и обвинителите, а вистината е дека граѓаните чувствуваат мачнина од неговата неспособност и лицемерие, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски