Димитриев: Работникот е во центарот на нашето внимание

Од:

Kандидатот за градоначалник на општина Аеродром од Левица – Марјан Димитриев, со дел од предложените кандидати за советници имаше непосредна средба со аеродромци. На средбата беше промовиран и новиот број на весникот Црвена (Р)еволуција, кој сè повеќе станува препознатливо средство за комуникација меѓу Левица и граѓаните.

Во соопштение се вели дека „атмосферата на средбата беше исполнета со оптимизам и искрена љубопитност од страна на жителите, кои во голем број застанаа да поразговараат со кандидатите. Многумина не ја криеја својата разочараност од досегашното владеење, но истовремено испратија пораки на надеж дека новата генерација политичари може да донесе свежина и вистински промени. Разговорите често се претвораа во мали дебати, во кои граѓаните отворено ги споделуваа своите предлози и идеи за тоа како нивната општина може да стане пристојно и уредено место за живеење“.

„Нашата идеја е да создадеме општина по мерка на човекот. Намерата ни е искрена, а работникот е во центарот на нашето внимание. Нашата цел е да ги подобриме работите“, посочи Димитриев.

Би можело да ве интересира

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали

Левица: Предизборна политичка манипулација – Владата на ДПМНЕ ги скрати парите откако истера кампања

Левица: На советниците од Левица не им се овозможува законски гарантираниот пристап до е-урбанизам – ревносно се кријат постапки за бетонизации

Апасиев: Договорено новиот Изборен законик да се донесе до крајот на јуни

ВИДЕО: Левица бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски