Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Од:

Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко Петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, информираат од Град Скопје.

– Истото уценетиот го направи и за предновогодишните празници, ги остава грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само да се задоволат суетните лидери од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи.

Зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз.

ЈСП кој дава јавна услуга за граѓаните која претставува јавен интерес, нема да дозволи идиотските криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните.

Затоа за Асмир Јахоски и Пуцко петрол ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.

Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите четири години, се вели во соопштението од Кабинетот на Данела Арсовска.

Би можело да ве интересира

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он