(ВИДЕО) Стразбур: Загина маж во пожар, деца скока од прозорци за да се спасат од пламенот, гореше цела зграда

Од:

Во станбена зграда во Стразбур избувна пожар, при што загина 50-годишен маж со попреченост, а осум други се повредени и хоспитализирани со релативно сериозни повреди, објавија француските медиуми. Пламените се прошириле од приземјето до врвот на зградата, објави BFM TV, повикувајќи се на извори од противпожарната бригада.

Другите жители успеале да избегаат од зградата.

„Некои деца скокнаа од прозореците, а една жена беше заробена на покривот“, изјави за новинарите Надија Зурги, заменик-градоначалничка на Стразбур за јавен ред.

Вкупно 59 пожарникари со 30 возила беа распоредени на местото на настанот, на околу три километри од катедралата во Стразбур.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден

ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

Локализиран e пожарот кај селото Гујновци во Пробиштип