Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи постои основано сомнение дека заеднички, со учество во дејствие на извршување или друг особен придонес подметнале експлозивна направа пред една куќа.

„Според доказите прибрани по наредба на јавен обвинител во предистрагата, на 12 јули годинава, осомничените активирале и фрлиле бомба М-75 кон куќа на улицата “Охридска”. Притоа, беа оштетени седум паркирани возила и беше предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето во централното градско подрачје.

Двајца осомничени со моторцикл, директно учествувале во подметнувањето на експлозивната направа, додека другите двајца имале други соизвршителски дејствија со кои го овозможиле и придонеле кон извршување на кривичното дело.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола предложи да биде определена мерка притвор за четворицата осомничени, од кои еден е недостапен на органите на прогонот во овој момент, извести ОЈО

Би можело да ве интересира

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните