Трамп не е задоволен од Нетанјаху, но му дава одврзани раце на Израел во Газа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето незадоволство од постапките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но сепак му остава простор самостојно да дејствува во Појасот Газа, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на извори запознаени со развојот на настаните.

Според весникот, Трамп им рекол на своите најблиски соработници дека израелскиот премиер е за употреба на воена сила за да се принуди Хамас да се предаде, додека американскиот претседател претпочита дипломатија и преговори за прекин на огнот.

Незадоволството кулминираше минатата недела откако Израел изврши напад во Катар врз претставници на Хамас вклучени во мировните преговори, што го загрози кревкиот процес на медијација.

Трамп наводно разговарал во внатрешни разговори со високи функционери, вклучувајќи го и државниот секретар Марко Рубио, како да одговори на потезите што ги опиша како „арогантни“.

Од друга страна, официјален Тел Авив ги отфрла обвинувањата за затегнати односи. Висок израелски функционер рече дека извештаите за тензии се „лажни вести“ и дека интересите на САД и Израел се длабоко испреплетени.

Во меѓувреме, израелскиот министер за финансии Безалел Смотрих предизвика дополнителни контроверзии велејќи дека се во тек разговори со Вашингтон за поделба на Појасот Газа, кој го нарече „рудник на злато за недвижнини“. Тој додаде дека Израел и САД треба да се договорат за процентуална распределба на територијата.

Би можело да ве интересира

Пентагон ја подготвува операцијата „Чекан“, се објавуваат детали за продолжувањето на војната со Иран

„Њујорк Тајмс“: Трамп нема стратегија за Иран, се бара помош од НАТО

Иран: Прифатете ги нашите права или ќе се соочите со нови порази

Кина: Нема победници во конфликтот на Блискиот Исток

Трамп објави: Венецуела е 51-ва држава на Соединетите Американски Држави

Горан Наумовски

Хегсет: Имаме доволно оружје за да се бориме