Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Од:

„Росица месеци барала помош. Пријавувала закани, насилство, палење на автомобил. Повторувала повици до институциите да ја заштитат. Наместо заштита добила игнорирање. Наместо санкција насилникот останал слободен. Резултатот? Убиена е Росица. Убиен е и нејзиниот татко“, напиша пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска на социјалните мрежи.

Петровска која го изрази револтот по вчерашното свирепо убиство на 21 млада девојка од Велес и нејзиниот татко пишува дека тие не се жртви само на еден убиц туку на сите кои не постапиле по пријавите за малтретирање и насилство.

„Убиецот е тој што го изврши злосторството но тој не е единствениот виновен. Виновни се и сите што премолчеле, одбиле да реагираат или свртеле глава. Тие се соучесници“, пишува пратеничката Петровска.

Таа пишува дека ова убиство не е изолиран инцидент туку повторување на трагичен образец во кој не потфрла системот, туку луѓето кои избирале да не го спроведуваат.

„Додека вината ја префрламе на системот, поединци од системот ќе продолжат да убиваат со своето молчење и непостапување. Избираат да не помогнат. Да не заштитат. И со тоа избираат да бидат дел од проблемот“, оценува Петровска.

Пратеничката Петровска исто така пишува дека солзите на Росица и нејзиниот татко засекогаш ќе ги следат оние коишто земале плата за работните задачи кои не ги извршиле. За нив таа бара лична одговорност.

„Секое непостапување има име и презиме и мора да биде казнето. Доста е со изговори. Време е за лична одговорност“, напиша Петровска.

Би можело да ве интересира

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

Го претепаа до смрт поради гласини дека јаде говедско месо – владата во Индија го прекинува судењето

А1он

Мостар се простува од убиената Алдина (32)

А1он

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Нови детали за убиството во Мостар: Познат судија уби жена, па се обиде да се самоубие

Убиство во Мостар: Маж на плоштад со пиштол уби жена

Горан Наумовски