По трагедија во Велес која можеш да биде спречена, овде, пред Министерството за внатрешни работи бараме итно разрешување на цело СВР Велес и одговороност од Панче Тошковски. Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми, вели Зана Џаферовска од Форумот на Жени на СДСМ.
– Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати. Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст. Институциите не успеаја да заштитат живот на една жена и на еден човек. Само поради нивното молчење и непреземање ништо има два згаснати животи. Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен. Жените во Македонија не смеат да живеат во страв живеат во страв за својот живот, и својата безбедност сам затоа што нивните пријави ќе завршат во некоја фиока, рече Џаферовска.