(ВИДЕО) Израелската војска е во Газа, половина милион жители се заглавени во градот: „Бомбардирањето е ненормално“

Од:

Израелската армија (ИДФ) ја започна следната фаза од операцијата „Кочијата на Гидеон“ во градот Газа, при што повеќе од половина милион жители се уште се заробени во најголемиот град во Појасот Газа.

Две дивизии на ИДФ влегоа во градот Газа од различни насоки, а уште една наскоро ќе им се придружи. ИДФ проценува дека операцијата ќе трае околу два до три месеци.

ИДФ утрово го започна вториот ден од операцијата „Кочијата на Гидеон II“. Две редовни дивизии влегоа во градот Газа од различни насоки, додека стотици илјади Палестинци се уште се во градот. Друга дивизија, 36-та, ќе им се придружи во наредните денови. Кога единиците ќе ги завршат своите операции, тие ќе го опколат градот Газа од речиси сите страни, јавуваат израелските медиуми.

Според проценките на ИДФ, Газа досега ја напуштиле околу 400 илјади жители. Пред почетокот на офанзивата, во градот имаше околу еден милион луѓе.

ИДФ проценува дека операцијата ќе трае околу два до три месеци, но „чистењето на областа од терористи може да потрае подолго“.

ИДФ нагласува дека седиштето на Хамас е во центарот на градот, вклучувајќи го можеби и воениот командант на организацијата, Иза ед-Дин Хадад, за кого тврдат дека е во тунелите.

Претходната израелска проценка беше дека во градот имало околу 2.500 борци на Хамас, а Израелските одбранбени сили сега тврдат дека нивниот број се зголемил бидејќи пристигнале повеќе.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

(ВИДЕО) Крвава ноќ во Либан, има загинати и голем број повредени

(ВИДЕО) Ракети врз американски бази – Иран тврди: „Убија луѓе на свадба“

Горан Наумовски