Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површна е затрупана со песок и земја

Од:

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Изутрината на неколку места имало чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со до затрупување со земја и песок. На местото на пожарот се останати екипи на скопската противпожарната бригада за да интервенираат доколку има потреба.

Ангелов информира дека е драстично подобрена состојбата и во депонијата Дрисла.

– Останува да биде до затрупан уште една мал дел. Очекувам во текот на попладневните часови да биде целосно затрупано местото кое овие денови чадеше. На тој начин се целосно затворени двата пожара, изјави директорот на ДЗС и изрази благодарност до скопските пожарникари и до сите други кои учествуваа во справувањето со пожарите.

Би можело да ве интересира

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра

Горат најмалку три сплавови на Ада Циганлија во Белград

Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш

(ВИДЕО) Пожар во Москва, гори позната туристичка атракција

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба