Вадeфул: Слободниот свет е силен, Европа нема да ѝ попушти на Русија

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Европа мора решително да одговори на секој обид за притисок од Москва, нагласувајќи дека ќе „ги употреби сите свои сили“.

Коментирајќи го инцидентот со дронот што се појави над Полска, Вадефул за каналот n-tv изјави дека Русија мора да биде свесна дека „секогаш ќе има реакција“.

– Русија мора да знае: ние секогаш ќе реагираме. Нема да дозволиме да се врши понатамошен воен притисок врз нас, туку напротив, ќе ги употребиме нашите сили, а економските и политичките сили на слободниот свет се силни, рече Вадефул.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин наводно ги „тестира“ европските земји, не прифаќа понуди за преговори и не покажува подготвеност за прекин на конфликтот во Украина.

„Во такви околности, потребен е јасен одговор и единство“, нагласи Вадефул.

Германскиот министер додаде дека е потребно да се разгледа нов пакет санкции против Москва, со цел да се демонстрира решителноста на Европа да ја брани својата безбедност и единство.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија ќе ги постигне сите цели во Украина и ќе примени побрутални методи против западната машинерија

„Телеграф“: Британската морнарица нема доволно сили за евентуален конфликт со Русија

Драма во Германија: Повеќе од 2.000 луѓе евакуирани поради пожар, пламените јазици се приближуваат кон село

Зеленски: Ако Путин не сака да ја запре војната, ние ќе го сториме тоа

Севастопол e без струја по украинските воени напади

Такер Карлсон: Русија е мојата омилена земја

Горан Наумовски