Нов пожар, гори фабрика за пластика, црни чадови над Скопје

Од:

Звучи неверојатно за некое друго место, но за Македонија, не. Повторно Аеродром и Ново Лисиче под огромен црн чад.

По објавување на веста, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов информира дека станува збор за пожар во Трубарево, поточно во Друштвото за собирање на отпад ,,Нула Отпад”.

Од Центарот за управување со кризи додаваат дека пожарникари интервенираат во гаснењето.

„Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба по точно во с. Трубарево каде што гори фабрика за пластични работи. БППЗ на Град скопје се на лице место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот. Состојбата се следи“.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он