Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата.
Димитар Апасиев, кој пред јавноста се претставува како чесен и скромен човек, земал над 700 илјади денари од касата на партијата Левица, за свои приватни потреби.
Лицемерието на Апасиев и Левица е огромно, од една страна не земаат патни трошоци како пратеници и глумат скромни пред камера, меѓутоа позади камерaте, ја молзат и цицаат партијата, правејќи стотици трансакции и земајќи стотици илјади денари за свои лични потреби, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.
Имено, на ден 17.03.2023 година, Апасиев земал 52.000 денари нето, од партиската каса за приватни цели, можеби ја реновирал кујната. На 14.04.2022 година, земал 25.480 денари, потоа на 12.07.2022 година, земал 27.300 денари, па на 19.08 истата година – 24.050 денари, и така натаму и така натаму, за да Апасиев достигне до сума над 700 илјади денари средства земени во неговиот џеб од сопствената партија.
Почитувани, крајно лицемерно е Апасиев да глуми жртва и скромност пред јавноста, додека во позадина краде од Буџетот на неговата партија. Пари кои граѓаните ги донираат на таа партија, Апасиев си ги користи за свои приватни цели. Замислете ваков човек како Апасиев да добие можност да води општина, град или пак Влада. Буџетот ќе се потроши за рекордно брзо време, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.