(ВИДЕО) Трамп: Уапсен е убиецот на Чарли Кирк, се надевам дека тој ќе добие смртна казна

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди за „Фокс њуз“ дека осомничениот за убиството на Чарли Кирк е уапсен.

„Мислам дека го имаме во притвор со висок степен на сигурност. Работите можат да се променат, но фактите се факти – го имаме лицето што го бараме“, рече Трамп.

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк има 28 или 29 години, рече Трамп.

Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот. Додаде дека слушнал дека осомничениот бил уапсен „пет минути пред да влезе во студиото“ и дека „некој многу близок“ до осомничениот ги известил властите за него.

Ги пофали локалните власти, велејќи дека „одлично си ја завршиле работата, сите соработувале“.

„Сè испадна добро“, рече тој.

Додаде дека се надева дека убиецот на Кирк ќе добие смртна казна.

– Кирк беше најдобрата личност и не го заслужуваше ова, рече тој.

„Тој беше брилијантен човек кој ми помогна со TikTok“, рече Трамп, додавајќи дека републиканците никогаш навистина не ги освојуваат младите гласачи. „Никогаш не сум видел млади луѓе да се собираат околу една личност како што се собираа околу Чарли“, додаде тој.

Трамп рече дека не сака да го гледа видеото од пукањето, додавајќи дека не сака да се сеќава на Кирк на тој начин. Тој рече дека слушнал дека видеото било „ужасно“.

Би можело да ве интересира

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

(ВИДЕО) Трамп нуди „дивиденда“ од 5.000 долари ако републиканците го задржат Конгресот

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“