Трамп: Нападот со беспилотните летала во Полска можеби е грешка

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „рускиот упад со беспилотни летала во Полска можеби е грешка“, но исто така изрази фрустрација поради инцидентот што ги налути Варшава и другите сојузници на НАТО.

„Можеше да биде грешка, но без оглед на тоа, не сум среќен за ништо што има врска со целата ситуација. Но, се надевам дека ќе заврши“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа пред да замине за Њујорк со претседателскиот хеликоптер, објави Блумберг.

Трамп потоа додаде дека ќе ја осуди Русија „дури и затоа што е блиску до таа линија“.

„Не ми се допаѓа. Не сум среќен поради тоа“, рече Трамп.

Полска побара од своите сојузници дополнителни системи за воздушна одбрана и технологија против беспилотни летала за подобро да се заштити од руските упади по инцидентот кога беспилотни летала влегоа на нејзина територија од Украина и Белорусија и беа соборени од силите на НАТО.

На барање на Полска, НАТО го активираше Членот Четврти од Северноатлантскиот договор за да започне консултации меѓу своите земји-членки во врска со нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на беспилотни летала

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп најави план за пошироко примирје во Украина

Катерина Ѓуровски

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Трамп се соочува со тешка одлука

Трамп: Ќе биде тешко да се постигне договор за ограничување на нуклеарното вооружување

Трамп од авионот им се јавил на европските лидери и им испратил остра порака: „Путин е сериозен за мирот“

Трамп го забележа портпаролот на Путин и му упати неочекуван комплимент: „Одлично си ја вршите работата“

Предраг Петровиќ