Вицепремиерот Фетаи го тужи Ќамил Ковачи бидејќи ширел лаги и клевети

Од:

Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба за клевета и нарушување на угледот против членот на ДУИ, Ќамил Ковачи.

Тужбата, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Фетаи, се однесува на лагите и клеветите што Ковачи ги ширел на социјалните мрежи, монтирајќи изјави кои вицепремиерот Арбен Фетаи никогаш не ги кажал.

– Целта е да се оцрни угледот на вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, да се дезориентираат и излажат граѓаните и да се создаде лажен впечаток, заснован на лаги, монтажа и измислици. Оваа тужба е јасна порака дека ќе ја браниме вистината до крај, со сите правни средства. Ќе ги заштитиме граѓаните од дезинформации и нема да дозволиме клеветите, лагите и измамите да се претворат во политичко оружје, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Тужба за американска инфлуенсерка, тврди дека „Брижит Макрон е маж“

А1он

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

А1он

Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети

Катерина Ѓуровски

Фетаи: Членовите на Владата од Алијансата на Албанците предводена од Таравари засега остануваат во владиниот тим

Горан Наумовски

Српската амбасада во Македонија загрижена за изјавата на Фетаи: 24 март претставува симбол на големо страдање

А1он

Фетаи: Коцевски треба веднаш да се разреши, го изгуби кредибилитетот

А1он