Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Од:

Повеќе од 50 наставници од кочанските училишта останаа без работа, откако после 31 август договорите на определено време не им се продолжени. Министерството за образование и наука донесе одлука за формирање паралелки со помал број на ученици и испрати допис до општинската администрација.

Советот на Општина Кочани на својата последна седница усвои иста таква одлука за формирање на паралелки со помал број на ученици, со тоа што таа ќе стапи на сила откако ќе пристигне дописот од МОН.

Во своето писмено соопштение, в.д. градоначалникот Венко Крстевски, тврди дека таков документ до Општината се уште не е пристигнат, иако претседателот на Советот на денешната координација го покажал дописот од МОН.

– На образованието му е потребен квалитет, а тоа подразбира итна департизација и предност на стручноста и компетентноста кај наставниот кадар. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме ако сакаме младите да ги задржиме овде. За тоа треба да ѝ погледнеме на вистината в очи и оваа учебна година да се реализира со паралелки со број на ученици според пропишаните норми од Министерството за образование, нагласува Венко Крстевски.

Во решавање на проблемот со 50 те наставници веќе две недели е вклучен и СОНК. Првиот човек, Јаким Неделков, се надева дека решение за наставниците ќе има до крајот на неделата.

– Одговорот на МОН до градоначалникот јасно кажува дека треба ги формираат паралелките така како што биле до сега и аналогно на тоа треба да се продолжи, односно да се примаат наставници за итно и неодложно вработување и да ги врати назад на работа, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Наставник по предмет Религија во ООУ„Раде Кратовче” од Кочани ни рече дека ваквата состојба за учениците значи непоправлива штета.

– Не станува збор само за нашите плати, туку и за наставната програма која не може да се спроведе. Јас се прашувам како се спроведува настава во училиште каде има 12 наставници како мене, изјави тој.

Од СОНК сметаат дека кочанскиот случај е единствен во државата каде на наставниците не им се потпишува согласност за нови договори со училиштата.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата

Незапаметен напад од мечка на жител од долненското село Секирци

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година