Загинаа голем број странци во несреќата во Португалија

Од:

Португалската полиција (PJ) денес објави дека е потврдена националноста на сите 16 лица кои загинаа во несреќата на жолтиот трамвај „Глорија“ во Лисабон.

Меѓу жртвите се пет португалски државјани, тројца Британци, двајца Јужнокорејци, двајца Канаѓани, како и по еден државјанин на Швајцарија, Украина, САД и Франција, објавува Радио-телевизија Португалија.

Полицијата, исто така, прецизираше дека германскиот државјанин кој претходно беше прогласен за мртов е жив и е хоспитализиран во болницата Сао Хозе.

Бројот на жртви сега официјално е 16, наместо 17 како што претходно објавија медиумите.

Според PJ, жртвите се идентификувани врз основа на научни методи во соработка со Националниот институт за судска медицина и судски науки.

Жолтиот трамвај излета од шините за време на вечерниот шпиц во среда, 3 септември, околу 18 часот по локално време и се урна во зграда во центарот на португалската престолнина, додека превезуваше повеќе од 40 лица.

Фуникуларот во центарот на португалската престолнина, познат како Елевадор да Глорија, е популарна туристичка атракција, особено во текот на летната сезона.

Би можело да ве интересира

Тригодишник не го пушташе од раце спасувачот откако неговиот татко почина, а мајката е повредена во страшната несреќа во Лисабон

А1он

ВИДЕО: Португалија во шок, прогласен ден на жалост по несреќата со жичницата

Катерина Ѓуровски

Ребело де Соуза: Лидерот на најголемата светска суперсила е руски или советски агент

Четири лица загинаа во пожари во Португалија, вклучувајќи и пожарникар

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

(ВИДЕО) Иберискиот Полуостров во пламен: Температури до 44 степени, пожарите зафатија села