Возач на трамвај во Сараево возеше под дејство на дрога и со истечена дозвола

Од:

Во Сараево синоќа се случи нова несреќа на трамвај во близина на мостот Царево, кога се судри со автомобил, а возачот возеше под дејство на дрога, објавува Klix.ba.

По несреќата, двајцата возачи се однесени во итната помош, каде што им биле констатирани полесни повреди.

Возачот Н.К.(39) од Сараево, кој го управуваше трамвајот, нема важечка дозвола за управување со трамвај. Поточно, дозволата е истечена порано.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон го тестираа возачот за присуство на алкохол и недозволени супстанции во неговото тело и крв. Резултатот покажа дека возачот е негативен на присуство на алкохол.

Тестот за присуство на наркотични дроги покажа дека возачот на трамвајот е позитивен на присуство на недозволени супстанции.

Исто така, беше истакнато дека полициската управа Стари Град ќе покрене прекршочна постапка во Општинскиот суд во Сараево против возачот Н.К., како и против јавното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Пукање среде Башчаршија, полицијата блокираше сè

Брат му го уби со лопата, а мајка си ја обезглави – уапсен е 43 годишник во Сараево

А1он

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

Убиената Елма го пријави сопругот за демнење, а тој ја уби со својот службен пиштол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Трамвај излета од шините, најмалку двајца загинаа, а 38 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование