СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Од:

Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицирата документите, тоа е само алиби, параван зад кој се крие вистинската намера на власта, се вели во соопштението од СДСМ.

– Законот е јасен „тој што класифицира, тој и декласифицира“. Во овој случај тоа е АНБ и треба да се направи веднаш. Не може да се фрлаат обвинувања во јавноста без ниту еден доказ, без факти. Ваквото однесување ја поткопува довербата во тоа што го кажува власта, фрла сериозни сомнежи за намерна манипулација опасна игра на ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа премиерот Мицкоски тврди дека наводно бил прислушуван а директорот на АНБ Христовски да кажува друго, дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица. Некој тука лаже свесно. Само преку декласификација јавноста ќе ја увиди реалноста, дали и кој правел злоупотреби. Ако не се направи декласификација власта ќе потврди дека целиот случај е креиран заради политички мотиви и злоупотреба на агенцијата во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево