Трамп: Многу сум разочаран од Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп додаде дека неговата администрација ќе преземе одредени чекори за да го намали бројот на жртви во војната во Украина и дека не е загрижен за блиските односи меѓу Русија и Кина.

„Многу сум разочаран од претседателот Путин, можам да го кажам тоа, и ние ќе направиме нешто за да им помогнеме на луѓето да преживеат“, рече Трамп во интервју за „Радио шоуто на Скот Џенингс“, пренесува Ројтерс.

Кога беше прашан за можното „формирање на оска“ против САД предводена од Кина и Русија, Трамп одговори дека воопшто не е загрижен.

„Имаме најсилна војска во светот, убедливо најдобра. Тие никогаш не би ја користеле својата војска против нас. Верувајте ми“, нагласи Трамп.

Би можело да ве интересира

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста