Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави својот проект „Чаир, Културен центар на Скопје“, чија цел е Чаир да стане културна престолнина на градот и симбол на мултикултурализмот, традицијата и современото творештво, се наведува во соопштението од ДУИ.

„Ова не е трошок, туку најголемата инвестиција во иднината на Чаир и на целото Скопје,“ истакна Османи.

Програмата предвидува ревитализација на Чаршијата преку обновување на фасадите, калдрмата и осветлувањето, како и создавање Културен центар со изложби, занаетчиски работилници и туристички активности. Во рамки на проектот се планира и организација на „Денови на Балканските чаршии“, со учество на градови од регионот како Призрен, Ѓаковица, Шкодра, Гирокастра, Мостар и Сараево. Посебно внимание ќе биде посветено на поддршка на занаетчиите и развојот на туризмот, преку субвенции, брендирање на традиционални производи и промоција на локалната гастрономија.

Културниот живот во Чаир ќе се збогати со нови фестивали и настани, меѓу кои и „Doku n’Shkup“, два месеца исполнети со филм, музика и култура, како и фолклорен фестивал за учениците од општината. Воедно, проектот предвидува и инвестиции во младите преку стипендии за талентирани ученици и студенти, субвенции за музички инструменти, модерно опремени кабинети по музика и изградба на современа читалница достапна за сите граѓани.

Како новитет, ќе се воспостави Виртуелен музеј на Чаир, дигитална архива со историја, фотографии и лични сеќавања на жителите, кој ќе овозможи зачувување и достапност на културното наследство. Во план е и изградба на современ и инклузивен објект со сали за театар, концерти, изложби и младински активности.

„Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје. Ќе инвестираме во културата, уметноста и младите, затоа што тие се гаранција за иднината. Со ‘Чаир, Културен центар на Скопје’ ќе изградиме средина каде што традицијата и современоста ќе се спојат во едно,“ порача Бујар Османи.

Со овој проект, Чаир ќе стане живо срце на културниот живот на Скопје, место каде што историјата, современоста и иднината ќе се сретнуваат и ќе отвораат нови перспективи.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва

ДУИ: Османи го претстави проектот „Чаир за сите деца“