Реакција на движење ЗНАМ за Наша Македонија на изјавата на Изет Меџити

Од:

Движењето ЗНАМ секогаш ќе ја почитува историската улога на Охридскиот рамковен договор и неговиот придонес за стабилизација на државата во 2001 година.

Но, исто така, должни сме да кажеме дека Македонија не смее да остане заробена во минатото, ниту во злоупотребата на механизми кои често се претвораат во средство за партиски пазарења и блокади, наместо за вистинска заштита на граѓаните.
Почитуван Меџити, за нас иднината е јасна: доследно почитување на Рамковниот договор, без злоупотреба на дадените права на одредени етнички заедници.

Тоа е завршена работа која мора да биде дел од темелите на државата, но никако не смее да се користи за тесно-партиски интереси на одредени моноетнички партии, наведуваат од ЗНАМ.

Македонија не смее да биде сведок на обратна дискриминација – малцинството да врши мајоризација врз мнозинството. Вистинската еднаквост значи почитување на сите, а не надмоќ на едни врз други.

Нашата држава мора да оди напред, кон европски вредности, модерно и праведно општество во кое сите граѓани ќе имаат еднакви права и можности пред законот. Вистинската стабилност и еднаквост се постигнуваат преку силни институции кои служат на сите, без разлика на етничка или партиска припадност.

Македонија денес има потреба од визија и поставување на темели на еднаквост, праведност и европска иднина.

Тоа е политиката за која цврсто се залагаме и тоа е пораката што секојдневно им ја носиме на граѓаните.

Ова што денеска го говориме ќе добие своја потврда веднаш по завршувањето на изборите и изборниот процес.

Јасно ќе се види дали одредени механизми, како Бадентеровиот принцип, се користат за партиски блокади на изборниот законик и ограничување на демократскиот процес, реагираат од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ, ресетирајте се – излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи!

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти – за безбедни згради и сигурни граѓани

Димитриевски: Комплексот К4 ќе добие повеќе паркинг места, зелени површини и ќе се спречи градба на нови згради!