Прв летен камп за млади на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во Струга

Од:

Движењето ЗНАМ за наша Македонија е мал политички субјект, но нашата цел е да ги подобриме животните услови на секоја единка што живее во Македонија, истакна претседателот на партијата Максим Димитриевски на отварањето на првиот Летен камп за млади што од денеска до недела ќе се одржува во Струга.

Според него, целта е да им дадат можност на сите, првенствено водејќи се од мотивот да ги задржат идните независни интелектуалци во државата, да останат, да работат и да творат тука.

– Нашиот пат на создавање на ЗНАМ ќе биде спор, но многу стабилен. Немаме намера преку ноќ да создадеме партија. Нашата цел е да создадеме политички субјект кој ќе знаеме да го негуваме, да го поддржуваме и подоцна да го сочуваме. Нашите политики секогаш се конструктивни и во интерес на државата и граѓанинот како единка којшто ја создава и ја чини оваа држава. Зашто бадијала ни е држава без граѓани, а за жал Македонија се соочува со тој факт, додаде Димитривски пред младите на ЗНАМ.

Пред присутните, во кои рече дека гледа огромна енергија и капацитет, забележа дека партијата, но и државата, во иднина ќе може да се потпрат на нив.

Целта на кампот, како што посочи, е да се направат нови контакти, пријателства, да се мотивира идејата дека Македонија може да биде поубаво место на живеење.

– Нашата цел е низ борба да создадеме политички субјект, кој што ќе знаеме да го негуваме, поддржуваме и подоцна да го сочуваме. Политички субјект, кој ќе се наметне и во очите на власта и во очите на опозицијата. Нашите политики секогаш се и ќе бидат конструктивни во интерес на државата и граѓанинот. Мораме суштински да ја преземеме одговорноста и да ја водиме Македонија во вистинската насока. Само со цврсто мотивирани луѓе кои се истрајни, може да има успех, рече Димитриевски.

На првиот Летен камп за млади на Движењето ЗНАМ за наша Македонија учествуваат околу 150 млади членови на партијата.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Комплексот К4 ќе добие повеќе паркинг места, зелени површини и ќе се спречи градба на нови згради!

Димитриевски: Табакана нема да биде зграда, туку бесплатен паркинг за околните жители и парк со детско катче

Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг во Куманово

Димитриевски: Освоив гласови колку што и останатите шест противкандидати

Димитриевски: В недела се избира насока, иднина – се избира меѓу празни ветувања и вистински резултати

А1он

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ