Катастрофа во Газа – 62.819 мртви и 158.629 ранети

Од:

Најмалку 21 лице загинаа, вклучувајќи едно дете, во нападите на израелските сили во Газа денес, објави Ал Џезира, повикувајќи се на извори од локалните болници.

Тројца Палестинци наводно се убиени во воздушни напади врз областа Асда, во близина на Кан Јунис, додека биле во импровизирани шатори за раселени лица.

Во посебен напад со беспилотни летала врз шатори западно од Кан Јунис загинаа жена и дете.

Четири лица кои се обидувале да достават хуманитарна помош беа меѓу денешните жртви.

Напад со беспилотни летала се случи и во градот Газа, при што беа повредени неколку лица.

Вкупниот број на смртни случаи во Газа од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година, потсетува Ал Џезира, достигна 62.819, додека 158.629 се ранети.

Би можело да ве интересира

Автобус полн со ученици падна од височина, загина 21 лице

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

(ВИДЕО) Катастрофа по ударот на „Саудел“: Смртоносни свлечишта, загинати и исчезнати

Горан Наумовски

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

(ВИДЕО) Крвава ноќ во Либан, има загинати и голем број повредени