(ВИДЕО) Има мртви и ранети во најновиот руски напад во југоисточна Украина

Од:

Пет лица загинаа, а најмалку шест други се повредени во руски напади во украинскиот регион Днепропетровск и во Кропивницки, во југоисточниот дел на земјата, соопштија денеска украинските власти.

Олександар Ганжа, началник на Воената управа на Днепропетровската област, во објава на „Телеграм“ наведе дека две лица загинале во руските напади во тој регион – кој се наоѓа во југоисточна Украина – додавајќи дека една приватна куќа е уништена, а неколку други се запалени, пренесува „Укринформ“.

„Во зорите, Русите ги нападнаа Днипровскиот и Павлоградскиот округ. Во заедницата Новоолександривска е уништена една приватна куќа. Две лица загинаа“, изјави Ганжа, додавајќи дека информациите за бројот на повредени сè уште се проверуваат.

Андриј Рајкович, началник на Воената управа на Кировоградската област, изјави дека три лица загинале, а шест се повредени во руски напад со беспилотни летала врз Кропивницки, во централна Украина.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија нема да реагира на ултиматуми, туку ќе ги штити своите интереси

Олејник: Зеленски од почетокот на војната во 2022 година помина само 40 отсто од работното време во Украина

Павел го повика НАТО со сила да ѝ одговори на Русија: Треба да се соборуваат дроновите и ракетите

Захарова: Помалку пари за Европејците, милијарди за Киев

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз украинската инфраструктура

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украина тврди дека за првпат собори беспилотно летало со млазен мотор користејќи борбен ласер

А1он