ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција остро реагира на вчерашната одлука на Државната изборна комисија (ДИК), каде што имаше етничко надгласување над албанската претставничка Дитмире Шеху, како единствена на седницата, со што еднострано беше намален бројот на советници во албанските општини, со отворено кршење на Уставот и Законот за локална самоуправа, се наведува во соопштението на ДУИ.

„Оваа одлука не е само политички штетна за Албанците, туку претставува и опасен преседан кој ја враќа земјата назад во времето пред 2001 година, или поточно во времето на Милошевич и Рахман Морина, кога волјата на Албанците систематски се игнорираше и газеше, а дискриминацијата се спроведуваше преку инструментализација на институциите.

Во септември 2024 година, оваа моноетничка влада донесе неуставна одлука за намалување на бројот на советници. Свесни за прекршувањето што го направија, пред три месеци се обидоа да го изменат Законот за локална самоуправа, но Европскиот фронт ја блокираше оваа иницијатива со мнозинството на Бадентер. Денес, и покрај тоа што законот не помина, и покрај тоа што Уставот е јасен и постои одлука на Уставниот суд, тие повторно ги погазија сите правни и демократски норми.

Со оваа одлука, албанските општини се директно оштетени: само во Гостивар бројот на советници се намалува од 31 на 23, а во Струга, Кичево, Врапчиште, Желино и Теарце се намалуваат по 4 советници во секоја општина. Дополнително, дијаспората е исклучена од официјалните пресметки, што дополнително го оштетува претставувањето и економскиот развој на нашите општини.

Уште позагрижувачка е соработката на ВРЕДИ, која уште еднаш докажува дека не ги претставува Албанците, туку ги прикрива неправдите кон нив. Денес, ВМРО, СДСМ и ВРЕДИ уште еднаш јасно покажаа дека се на ист фронт против албанските интереси.

Секако, на членката на ДИК, Дитмире Шеху, не ѝ преостанува ништо друго освен да ја продолжи својата правна битка пред Управниот суд, како што самата најави.

Сепак, овој процес нема да помине без одговор. Албанците ја имаат силата и свеста да им ја дадат заслужената казна на овие дискриминаторски политики. Ниту мајоризацијата, ниту уцените, ниту манипулациите нема да ја замаглат волјата на народот на октомврискиот референдум, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски