Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Од:

Волонтерите од „Support Kocani“ објавија дека е реализирана и третата пратка на компресивна облека, во вредност од над 2 милиони денари – повторно целосно обезбедена од донации на граѓаните. Со ова, вкупната вредност на трите испораки надмина 3,4 милиони денари – средства собрани исклучиво преку солидарноста на граѓаните. Иако Владата ветуваше дека сето тоа ќе биде институционално покриено, од државната поддршка засега нема ниту еден денар, велат од Левица.

„Овие три испораки од донации, во превод би значеле дека, на пример, Владата на ДПМНЕ можела да се откаже само од најновата набавка на кафе за владината зграда во вредност од 3 милиони денари и средствата да ги пренамени за нешто за кое е должна да обезбеди помош, нешто кое го ветила и нешто кое се случи и го потресе светот пред само пет месеци!

Антинародната, арогантната Влада на ДПМНЕ, впрочем, наместо да обезбеди поддршка за семејствата на загинатите млади во трагедијата (поддршка која ја вети и не ја реализираше), наместо да обезбеди соодветни услови, третман, медицински помагала на повредените во трагедијата, наместо достоинствено да ги награди хероите кои таа кобна вечер успеале да спасат човечки животи – фрли над 1,7 милиони евра од народната каса за претставување на Македонија на ЕКСПО 2027.

Потсетуваме дека Владата ветуваше дека ќе им помогне на сите засегнати од трагедијата, а директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, неодамна и јавно изјави дека „сите здравствени потреби на повредените од Кочани ќе бидат на товар и поддржани од државата на долги стази“.
Потсетуваме и дека ДПМНЕ додека сите ги обвинува за политички глодари и лешинари, на денот на погребот на загинатите во трагедијата, Владата склучи тендер во вредност од 400.000 евра за мерење на рејтингот!

Додека народот ја покажува својата човечност преку солидарност, ДПМНЕ ја покажува својата бездушност преку раскош и ненаситност. Ова не е власт што го отсликува народот, туку власт која нема ништо заедничко со македонскиот народ, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода