Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

Од:

Европскиот фронт се ребрендира и на локалните избори закажани за 19 октомври ќе настапи под логото Национална алијанса за интеграција (НАИ). За ова информира со објава преку Фејсбук лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

-Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме. Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да бидат заедно еден за друг, но и меѓу сите оние кои не се откажуваат лесно и кои веруваат дека во нашата земја можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца, нагласува тој во објавата.

Ахмети порачува дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство.

-Како што се обединуваме, да не ги заборавиме лекциите од горчливото минато и секогаш имајте на ум дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство. Ова е заветот на победа, вера и европска интеграција. Здружените раце се нашата порака: само заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме, порача Ахмети.

Европскиот фронт предизборно го напуштија Демократската партија на Турците, која на изборите ќе настапи самостојно, како и ДПА на Мендух Тачи, која нема да учествува со листи за градоначалници и за советници на локалните избори.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Ахмети не знае која приказна да ја брани за Груби, нервозата во ДУИ расте

Горан Наумовски

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски