Песков: Нема да има потпишување документи на средбата Путин-Трамп

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека не се очекува потпишување на никакви документи по самитот меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска.

Тој нагласи дека би било погрешно однапред да се предвидат резултатите од руско-американскиот самит во Алјаска.

– Не, не се очекува, ништо не е подготвено, им рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето дали ќе бидат потпишани некакви документи по самитот меѓу лидерите на Русија и САД, објави РИА Новости.

Песков, исто така, рече дека би било погрешно да се брза и однапред да се предвидат резултатите од руско-американскиот самит.

„Засега, се разбира, би било голема грешка да се брза, да се обидуваме да се пречекориме и да се обидуваме да го предвидиме исходот“, им рече Песков на новинарите.

Песков рече дека за време на самитот ќе бидат разгледани прашања поврзани со решавањето на украинскиот конфликт.

„Претседателот Путин и претседателот Трамп имаат намера да разговараат, се подготвени да разговараат и ќе разговараат за најтешките прашања“, рече Песков, објави РИА Новости.

Како што истакна, подготовката за средбата меѓу Путин и Трамп се одвивала во краток временски период и дека сите параметри биле исполнети.

Би можело да ве интересира

Путин предлага опремување на сојузниците со современо руско оружје и воена опрема

Унгарија го поддржа мировниот план на Трамп

Путин: Војната ќе заврши кога украинските трупи ќе се повлечат од окупираните територии

Горан Наумовски

Трамп: Во најдобар интерес на Украина е да постигне договор со Русија

Песков: Прерано е да се зборува за можен мировен договор за Украина

„Њујорк пост“: Русија веројатно ќе го отфрли новиот план за прекин на огнот од 19 точки