Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

Од:

Полицијата вчера го уапси И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по чл.303 од КЗ (загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај).

– Имено, на 06.07.2025 околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните, се вели во соопштението од МВР.

По преземени мерки и активности, И.А. е пронајден и лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците