(ВИДЕО) На ватерполо натпреварот Кина-Канада одекнаа два истрели, мечот времено беше прекинат

Од:

Неверојатна сцена беше видена на натпреварот од Светското првенство во ватерполо за јуниорки што се одржа во Салвадор, Бразил. Натпреварот помеѓу Канада и Кина беше прекинат поради пукање! Се слушнаа два истрела и се создаде општа паника, па девојките брзо допливаа до работ на базенот, ја напуштија водата и легнаа.

Публиката на трибините исто така легна, а видеото што кружи на социјалните мрежи е доста шокантно. Се слушнаа два истрела, по првиот немаше реакција во самиот базен, но штом се слушна вториот, судиите реагираа итно и ги повикаа девојките да излезат од базенот. Бразилските власти реагираа релативно брзо и беше издадено соопштение во кое се наведува дека полицијата пукала во разбојниците кои биле во бегство, а организаторите се обидоа да прикријат сè и рекоа дека станува збор за технички проблем. Не успеаја бидејќи видеото се прошири на социјалните мрежи. Кога ситуацијата се смири, натпреварот продолжи, а Кина ја победи Канада со 12:8.

Би можело да ве интересира

Три лица убиени во пукотница во Остин, осомничениот е уапсен

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски

Америка и Кина се договорија за ново одложување на царините

ВИДЕО: Два кинески брода се судрија при потера по филипински брод

Важен телефонски разговор на кинескиот и рускиот претседател

Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница во Босански Шамац