Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија

Од:

Унгарија е единствената членка на Европската Унија која не потпиша заедничка изјава со која се поддржува Украина. Тоа е документ потпишан од преостанатите 26 членки и кој повикува Украина да учествува во одлучувањето за сопствената иднина.

Унгарија долго време има затегнати односи со Украина и остатокот од ЕУ и е најблизок сојузник на Владимир Путин во Европа. Премиерот Виктор Орбан претходно предупреди дека влезот на Украина во ЕУ „веднаш ќе ја вовлече Унијата во директен конфликт“.

Денеска тој ги наведе причините за непотпишувањето на изјавата: „Изјавата се обидува да постави услови за состанок на кој не се поканети лидерите на ЕУ“.

– Доволно е лошо што ЕУ е оставена настрана. Единственото нешто што може да биде полошо е да почнеме да даваме инструкции од клупата, напиша Орбан.

Тој додаде дека, според него, „единствениот разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија, по моделот на состанокот САД-Русија“.

Ова не е прв пат Орбан да се спротивстави на заедничката позиција на ЕУ за Украина. Унгарија претходно се спротивстави на воведувањето европски санкции врз Русија, пред на крајот да попушти, а исто така одби да потпише и некои претходни изјави за поддршка на Украина.

Би можело да ве интересира

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Лидерот на унгарската опозиција: На изборите избираме помеѓу Европа и турски совет на диктатори

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог