Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Од:

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година.

-Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал обем. Препорачливо е дома да се има готовина за основните потреби за период од барем неколку дена до недела, наведе гувернерот на социјалната мрежа X, додавајќи дека приврзаниците на кешот ја истакнуваат неговата анонимност и слобода, што, според него, е став кој треба да се почитува.

Истовремено, Славески истакна дека постои нерамномерна покриеност со банкомати низ земјата, поради што ќе се иницира создавање на национална мрежа на банкомати. Таа мрежа ќе се потпира на постојната инфраструктура на банките, со план за надградба и оптимизација во интерес на граѓаните и самите банки.

Според плановите, националната мрежа на банкомати треба да заживее до крајот на 2026 година.

Би можело да ве интересира

Првите ефекти од американските царини по пет-шест месеци, вели гувернерот

Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Славески: Создаден простор да се намалат и поедностават надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите